Политичарите се груби, спортистите се “брзи”

popara10 октомври, 20111min04
vip_prostitucija

Исповед од креветот на девојки за придружба

“All inclusive” – Девојките за придружба служат како трофеј, рамо за плачење или за тепање… Некои ги тепаат, некои ги носат на екслузивни вечери, разговараат…некои ги дават – Директор на една телевизија, кој беше на оваа функција во доцните деведесетти години, ги давеше девојките.

Мажите кои одат кај елитни проститутки се однесуваат различно…сепак овој различен однос е поврзан со професијата на поединците, ни откирваат две поранешни дами од Белград, Александра и Даша.

Во зависност од тоа дали клиентот е спортист, бизнисмен, политичар или криминалец, дружењето со девојките оди од една до друга крајност. Или се премногу нежни или се арогантни и груби, па дури и ги тепаат, дават, малтретираат…

Директор давеше девојки

Поранешната мадам Даша открива дека најбизарен бил поранешен директор на телевизија, кој беше на таа функција кон крајот на 90-те години. Тој ги мачеше девојките кои му ги испраќаше друга телевизија за да добие реклама (?!).

– Тој секоја девојка ја давеше, речиси беше близу да ги убие. На директорот друга телевизија често му испраќаше по две девојчиња кои ги мачеше, а тие… трпеа, бидејќи им беше платено. Овие функционери се најпервезни и имаат различни барања – отворено раскажува Даша.

Нашите соговорници се согласуваат дека политичарите и полицајците се најлоши од сите клиенти, а вистинските криминалци и спортистите се најдобри.

– Полицијата и политичарите се најгруби и најмалку ги почитуваат девојките. Полицајците најчесто се изживуваа врз девојките. Тие претендираат да бидат клиенти, ќе ги соберат девојките и ќе ги уапсат. За на крајот тајно да се среќаваат со нив и да ги пратат кај нивните колеги… Некои од нив ги користат и за рекет – продолжува Даша.

Таа сведочи дека политичарите секогаш доаѓале тајно на состаноците, а други плаќале за нивното задоволство.

– Еден поранешен Гувернер на Народна банка беше чест клиент. Друг плаќаше за него, за овој подоцна да му даде одредени поволности или да му договори некаков бизнис. Што е за него да плати 100 марки како сега да плаќате 100 евра, а за возврат да ви наместат некаква “зделка“од која подоцна ќе можете да изградите куќа како замок – вели таа.

Александра додава дека на политичарите, девојките многу често им служат како рамо за плачење.

– На доминација никогаш не инсистира некој кој е “килав Радован”, единствено моќните луѓе. Арогантно се однесуваат оние кои се на повисоки позиции. Сакаат да камшикуваат, сакаат груба игра… Сето она што не можат да го добијат од нивните сопруги или девојки. Еден од претходните претставници на Владата, неколку од Војската и од она институција со три букви сакаа баш “груба игра“ – со огромна претпазливост раскажува Александра.

Исто така, многу арогантно се однесуваат и лицата кои се стекнале со многу пари за многу кратко време – вели таа, односно т.н. “исфолирани“ бизнисмени.

– Тоа се оние со чанти и вратоврски. Тие се обидуваат да стигнат до жените кои изгледаат добро, а не знаат како да го направат тоа. Најчесто купуваат скапи парфеми и мислат дека можат да и се јавуваат по сто пати. Во кревет постојано се докажуваат и не забораваат на крајот да прашат, дали биле добри, дали нејзе и било убаво. Оригинални бизнисмени, секогаш сакаат да имаат таква девојка со која би се пофалиле, како да е трофеј – раскажува Александра.

Освој па владеј

Најпосакуваните клиенти се спортистите и криминалците, иако оваа титула многу повеќе и припаѓа на втората категорија.

– Спортистите се одлични, но малку побрзи. Тие се однесуваат како да се дојдени на обука. Вистинските криминалци се вистински џентлмени. Разговараат со девојките, им се јавуваат, им пристапуваат на сосема поинаков начин. Ако некој ги почитува овие девојки, тоа се они… Никогаш не ги навредуваат – рече Александар, а Даша додаде дека се одлични љубовници:

– Крадците и криминалците се најголеми џентлмени. Но, и одлични љубовници. Еден од нив постојано ме прашуваше: “Како сте, госпоѓо? Што сакате да правите“? Му дадов надимак Версаче, бидејќи секогаш беше облечен според најновата мода, со брендирана облека. Ги носат девојките на вечери, им купуваат подароци, а потоа се заљубуваат во нив. Сепак, постојат и оние кои доаѓаат како клиенти, на кои им е потребна малку љубов, за на крајот да им станат макроа – завршува Даша.

4 comments

  • Ante

    10 октомври, 2011 at 16:39

    Kaj da ve najdam, jas sum sportist 🙂

    Reply

  • Enji

    10 октомври, 2011 at 16:39

    Devojki greotka ste

    Reply

  • Anne

    10 октомври, 2011 at 16:37

    Sportistite brzaat za na treninig hihihihih…….

    Reply

  • Djonka

    10 октомври, 2011 at 16:37

    A muzicarite kade se?

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag