Потребни состојки:
300 гр. бело пилешко месо
1 кромид
2 лажици доматното
1 морков
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 чешне лук
½ лажичка алева пиперка
2 јајца
500 гр. замрзнато лиснато тесто
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Ставете го пилешкото месо да се свари во солена вода. Откако ќе се свари, оставете го малку да се излади, па исецкајте го на ситни коцки.
Во тавче на оган загрејте масло, па додадете го ситно сецканиот кромид да се пропржи и постојано мешајте. Откако кромидот ќе се испржи, додадете го пилешкото месо и оставете да се пропржи. Потоа додадете го ситно исецканиот лук, доматното пире, ситно сецканиот морков и пропржете околу 2-3 минути. Тргнете го тавчето од оган, додадете ја алевата пиперка, наросете сол и црн пипер и додадете го магдоносот, па промешајте за да се соедини смесата.
Лиснатото тесто развлечете го во кора со дебелина од 1 сантиметар. Исечете правоаголници. На едната страна од правоаголникот ставете од смесата со пилешко, па преклопете со другата половина. Краевите на питите притиснете ги со вилушка.
Наредете ги питичките во намрсена тава и печете во загреана рерна на 220 степени околу 30тина минути, односно се додека питичките не добијат златно румена боја. Добар апетит!