Полнети похувани печурки

popara22 декември, 20111min00
pecurki

Потребни состојки:

20 големи печурки шампињони

200 гр. лебни трошки

100 г. изрендан кашкавал

5 лажици брашно

2 јајца

100 гр. крем сирење

1 млад кромид

Сол и црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Ситно исецкајте го кромидот, па промешајте го со кашкавалот и со кре сирењето се додека состојките не се соединат. Наросете сол и црн пипер и повторно промешајте.

Измијте ги печурките и оставете ги да се исушат, па отстранете им ги рачките. Со смесата наполнете ги печурките.

Во посебни садови ставете го брашното, изматените јајца и лебните трошки. Секоја печурка прво извалкајте ја во брашно, потоа во јајца и на крајот во лебни трошки.

На среден оган загрејте масло во тавче и ставете ги печурките да се испржат. Пржете се додека не добијат златнорумена боја и погрижете се да ги испржите подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги печурките врз салфети за да ја впијат вишокот на мрснотија. Послужете со кисела павлака или друг сос по желба. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag