Половина црногорци незнаат да работат на компјутер! А на што знаат?! :)

popara10 ноември, 20111min00
11

Го знаете она, кој знак нема да го видите на патиштата во Црна Гора – работа на патот, па затоа не е ни чудно што со новите истражувања се констатирало дека половина од населението незнае да работи на компјутер.

Половина од црногорското население незнае да ракува со компјутери, додека четвртина од населението зборува англиски јазик, соопштиле од црногорскиот Завод за статистика.

Според податоците, населението постаро од 15 години, само 35% е компјутерски писмено, а 16% делумно знаат да работат на компјутер.

Дури 48% од граѓаните на оваа земја незнаат да работат на компјутер. Најголемиот број граѓани знаеле само еден странски јазик и тоа англиски со 26% од вкупното население постаро од 15 години. Рускиот го знаат 9%, италијанскиот 5%, а германскиот и францускиот 3%.

Во Црна Гора според последниот попис населението брои  625.266 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma