Американскиот државен секретар Хилари Клинтон добро се изнасмеа на еден полугол маж кој претрча пред камерите додека таа се местеше за фотографирање.
Клинтон која инаку била на Хаваи, каде се сретнала со извршниот шеф на Хонг Конг, Доналд Тсанг. Таа и нејзиниот колега се подготвуваа за фотографирање, го ставија „политичкиот израз“ на своите лица, но сепак кога покрај нив претрча маж кој на себе имаше само хавајска сукња тие почнаа да се смеат.
Хилари Клинтон неможела да престане да се смее и се свртела кон мажот кој претрчал.
„Ова беше супер, се надевам дека го снимивте“, кажала таа низ смеа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8Ial0-l8jIw