Членовите на групата во која порано членуваше познатиот веќе покоен рапер 2Pac признаа дека ја испушиле неговата пепел.
Имаше едно случување на кое бевме собрани ние, неговите пријатели и неговото семејство. Се одржуваше на плажа каде донесовме малку “трева”, ребра и сок од портокал, она што тој најмногу го сакаше. Кога ги слушавме неговите песни вниманието ми го привлече еден негов стих во кој тој пее дека сака пријателите да ја испушат пепелта од неговото тело. Тоа го направивме по негова желба, изјавил пријателот на 2Pac.