Карл Рабедер (49), поранешен милионер од Австрија, кој го подари целото свое богатство во добротворни цели пред две години, бидејќи не го правело среќен.
Сега конечно тој ја пронашол својата среќа.
Рабедер ја продал својата фирма, луксузниот апартман на Алпите, лимузините и спортските скапи автомобили, приватниот авион и сите пари кои ги имал ги дал на добротворни организации, кои даваат мали заеми на земјите од Третиот свет.
„Дури сега сум вистински среќен. Ако ги ставите на хартија работите кои вистински ве прават сречен и нивната цена, ќе ме сфатите што сакам да кажам“, изјавил поранешниот милионер.
„Љубовта, сонцето, свежиот воздух, тоа се работите кои ме прават среќен“, додал Рабедер и се заблагодарил на добротворните организации кои ги прифатиле неговите пари и му овозможиле конечно да си ја најде среќата и да ужива во животот.
„Тоа што имам малку пари сега ме прави уште посреќен. Кога ќе ги погледнам старите слики од времето кога бев милионер, изгледам некако мизерно“, изјавил поранешниот милионер кој сега живее со помалку од 1200 евра месечно.