Посетете некои од најоткачените туристички атракции во светот! Ако баш морате :))))))

popara14 октомври, 20111min00
Mater Muzej za Medicinska istorija

Доколку ви здосадија обичните туристички дестинации и ви недостасува авантура, време е за нов предизвик. Ви претставуваме листа на најчудните туристички локации во светот, каде дефинитивно ве чека авантура, но и некои многу морбидни сцени.

Музејот Матер за медицинска историја во Филаделфија, САД: таму ве чека најголемата колекција на черепи во светот.

Трак лагуна во Микронезија: На морското дно во оваа лагуна ќе најдете огромен број на потонати бродови и носачи на авиони, како и секаков вид на воена опрема и возила. Подводен музеј 🙂

Пазарот за вештерство Сонора, во Мексико Сити, Мексико: ако ви треба крв од ѕвечарка или нокт од змеј, ова е вистинската дестинација за вас 🙂

Велигденските острови во Чиле: таму ве чекаат огромни фигури од џинови со чудни „фаци“, а најбизарно е што никој не знае од каде дошле…

Мочуриштата Манчак во Луизијана: овие мочуришта се опседнати од духови, а насекаде ќе најдете исушени дрва што изгледаат како чудовишта.

Катакомбите во Париз, Франција: Коски на сите страни, катакомби излезени од хорор филм 🙂

Куќата Винчестер во Сан Хозе, Калифорнија: Со своите 160 соби, куќата ќе ве изненади со својата големина и убавина. Ах, да, да не заборавиме дека има и духче кое навечер се шетка по куќата…

Ќорсокакот на Мери во Единбург: посетете го местото каде во средниот век лепрозните и другите болни биле оставани да умрат…

Чернобил, Украинa: Најсмртоносната експлозија во нуклеарна централа, денес е сеуште напуштена и изгледа како сцена од некој хорор филм.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag