После Дрвенград-Аднриќград! Му тргна на Кустурица!

popara20 јули, 20111min00
emiridodik

Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ и српскиот режисер Емир Кустурица денеска во попладневните часови во Вишеград, на просторот каде се гради “Андриќград“ ќе постават камен темелник за идниот град.

Додиќ и Кустурица според најавите покрај камен темелникот ќе постават и шише со маслиново масло со напишана порака внатре во него – “Во летото Господово 2011, Милорад Додиќ и Емир Кустурица“, кое ќе се наоѓа на местото каде ќе се гради кино, театар и зграда на административниот центар на Андриќград.

Почетокот на изградбата на градот беше формализирана на 28 јуни. Теренот каде треба да се гради градот сега веќе е расчистен и треба да му се постави камен темелникот. Изградбата на овој град се реализира според идеата на режисерот Емир Кустурица, градот ќе се гради во три фази, а се планира да биде завршен во 2014 година.

Градот ќе се простира на површина од 17.000 квадратни метри. Во него ќе бидат лоцирани зградаа на Градско собрание, театар, музеј, библиотека, спомен куќа на нобеловецот Иво Андриќ, хотели, занаетчиски дуќани итн.

Тој ќе се гради во јавно-приватно партнерство. Кустурица ќе биде главен финансиски носител на проектот, а дел од парите ќе обезбеди Владата на Република Српска, додека општината Вишеград ја обезбеди локацијата и инфраструктурата.

Градењето на Андриќград ќе чини измеѓу 10 и 15 милиони евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag