После е… нема каење! Хилари Свонк „меша прсти“ во политика?! Била на роденден кај Чеченскиот лидер Кадиров! :)

popara14 октомври, 20111min00
103172

Холивудската актерка Хилари Свонк изјавила дека „длабоко жали“ поради посетата на концертот одржан за чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кој организациите за човекови права го обвинуваат за тортура, киднапирања и убиства.

Оскаровката изјавила дека незнала за исчезнувањето на луѓе, палењата на куќи и убиства за кои се обвинува Кадиров. „Длабоко жалам за присуството на тој настан“, изјавила Свонк во писмената изјава за Ар и додала дека доколку знаела се за тие случаи немала да учествува на настанот.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч, остро го осудила присуството на Хилари Свонк, белгискиот глумец Жан Клод ван Дам и британската виолинистка Ванеса Меј кои учествувале на концертот одржан во чест на 35 роденден на Кадиров.

Претставниците на Ван Дам и Ванеса Меј немаат одговорено на агенцијата АР да прокоментираат за своето присуство на овој настан во Чеченија.

Одбележувањето на роденденот на Кадиров го организирала чеченската влада во Грозни, кој беше обновен откако беше уништен за време на конфликтите на чеченските сепаратисти и руските сили. Славни личности, руски политичари и други познати лица му го честитале роденднот на Кадиров.

Инаку, холивудската актерка Хилари Свонк била една од ретките жени кокои не носеле марама, а законот во Чеченија налага жените во јавност да го почитуваат исламскиот кодекс на облекување.

Кадиров е поранешен сепаратистички лидер кој се фалел дека прв пат убил руски војник на свои 15 години. Тој преминал на страната на Русија на почетокот на втората чеченска војна во 1999 година. Многу критичари и политички противници на Кадиров биле брутално убиени во изминатите години во Русија, Австрија, Дубаи и Турција. Кадиров ја негирал неговата вмешаност во тие убиства, наведувајќи дека тоа биле измислени обвинувања за да се извалка неговот име.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag