Постои ли сметка за телефон од 201.000 долари?! Постои, постои! :)

popara19 октомври, 20111min00
chachingtmobile

Мајами – Селина Аронс од Јужна Флорида била шокирана кога и стигнала сметката за мобилен телефон од 201.000 долари.

Иако мислела дека станува збор за грешка, сепак се покажало дека тоа не е така. Всушност, Селина има двајца глувонеми браќа, кои го користеле телефонот за испраќање текстуални пораи, но и за гледање видео снимки од интернет.

Тоа обично и не било проблем бидејќи до сега сето тоа се вклопувало со редовната месечна претплата од 175 долари, но нејзините браќа поминале две недели во Канада, каде користеле и роаминг.

За тоа време тие испратиле преку 2000 текстуални пораки и симнале од интернет многу видео материјали.

Селина го контактирала американскиот T-Mobile, чии услуги таа ги користи, добила детален извештај и се потврдило дека сметката од 201.000 долари е точна. Таа подоцна ја повикала локалната телевизиска станица да ја раскаже својата приказна.

Подоцна телевизијата го повикала и операторот, по што од таму решиле да и ја намалат сметката на 2500 долари и и дале рок да ја плати за шест месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag