Силвестер Сталоне дизајнирал пенкало од злато и сребро украсено со черепи, змии…
Чини “само” 5.000 долари.
Познатата италијанска куќа “Montegrappa” која произведува прибор за пишување лансирала пенкало чиј дизајн е потпишан од Рамбо, лично!
Актерот Силвестер Сталоне дизајнирал пенкало со соодветен псевдоним “Хаос”, кое е направено од сребро или о18 каратно злато и е украсено со черепи, змии, гуштери…
Куќата “Montegrappa” изработила само 1.912 примероци од овие пенкала од кои 1.000 се пенкала, а 912 моливи во чест на 100 годишнината од нивното основање, која ќе ја прослават следната година.
Сталоне, всушност е колекционер на “Montegrappa” приборите за пишување, а во план е да смими и реклама за своите “мачо” пенкала.