Повеќе екрани се поефикасни за рекламирање

popara3 октомври, 20111min00
computermonitors

Конвенционалната мудрост тврди дека многу потрошувачи би можеле да останат збунети кога им се рекламираат огласи на различни екрани во мултимедискиот простор. Но, според новото истражување од Nielsen, кое го нарача Google, фирмите кои рекламираат би можеле да имаат корист од таквата изложеност на повеќекратните платформи.

Како дел од истражувањето, потрошувачите посетиле интерактивна дигитална лабараторија во TVCity во MGM Las Vegas- тoа е „joint venture” помеѓу одделите Nielsen Entertainment и Nielsen Holdings, и одделите на CBS Vision во сопственот на корпорацијата CBS.  Tаму биле замолени да гледаат содржини на телевизија, компјутери, смарт телефон, и таблет, пишува Media Decoder, блог на весникот New York Times.

Во текот на испитувањето, видео рекламата која траела 15 секунди ја нагласувала премиум цената на спортски седан автомобил, но прикажан во различни комбинации. Некои од луѓето не виделе никаква видео реклама, додека други виделе видео реклама во различни комбинации на екраните.

Според истражувањето, способноста за памтење на автомобилскиот бренд во видео рекламата – како и способноста луѓето да се ангажираат преку автомобилот кој се рекламира – значително пораснала кога испитаниците биле изложени на повеќекратни екрани.

Примерите на истражувањето откриле дека во групата која видела видео само на телевизија, 50% од испитаниците се сетиле на брендот кој го виделе во рекламата. Во групите кои виделе видео реклами на сите четири екрани, дури 74% од нив се сетиле на името на брендот.

Дваесет и два посто кои гледале видео на ТВ можеле да се сетат дека автомобилот бил седан со четири врати. Кога видеото го гледале на четири екрани, таа бројка била зголемена на 39 посто.

Исто така, според извештајот, луѓето кои гледале во четирите екрани, скоро секогаш имале позитивни ставови за автомобилот во споредба со оние кои гледале само телевизија, и тоа во категориите како што се сигурност и сила на автомобилот.

„Ова истражување покажува позитивни вредности на изложеноста на повеќекратните платформи,” вели резимето од извештајот кој Google и Nielsen планираат да го објават наредната среда.

Насловот на извештајот е Better Together: Examining the Incremental Utility of Cross-Media Campaigns.” Тројца автори се од Nielsen Entertainment, а еден од Google.

Google во последно време е доста активен во давање на информации на фирмите кои се рекламираат, за однесувањето на потрошувачите, поради тоа што дигиталните медиуми стануваат се подоминантни.

На пример, оваа недела, објавениот пост на блогот на Google Mobile Ads, прикажува податоци за користење на таблет, компјутери и мобилни уреди за пребарување во текот на работниот ден.

Според овие податоци, потрошувачите користат и компјутер и смарт телефони за пребарување во текот на работниот ден, но користењето на смарт телефоните се зголемува рано наутро и во вечерните часови.

И користењето на таблет за пребарување „драматично” се зголемува навечер, стои на блогот.

„Ако сте огласувач, можеби се прашувате кој е најдобриот екран за да дојдете до своите клиенти. Одговорот е: сите. Овие екрани се подобри, заедно.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag