Повеќе нема да биде приморана да ги гледа оргиите на мајка си

popara12 септември, 20111min00
child_abuse_200101156

После објавувањето на веста дека Д. П. (37 години) од Градишка ја принудува својата ќерка со блага ментална ретардација (13 години) да ги гледа нејзините сексуални односи со многубројните љубовници, Центарот за социјална работа, го стави детето под заштита.

На 13 годишното девојче со благо ментално ретардација од Градишка, чија што мајка Д. П. соседите ја обвинуваат дека го запоставува сопственото дете поради големиот број на љубовници, Центарот за социјална работа и најде засолниште.

Всушност, веднаш по објавувањето на веста, девојчето беше одземено од куќата на баба и од страна на Центарот за социјална работа и веднаш беше ставено под заштита.

Ќе ви откриеме што се случило

Како што потврдија нивните соседи, детето со години било принудено да присуствува за време на сексуалните оргиите во семејната куќата во која живеела заедно со нејзината мајка. Всушност, на 5 мај еден од познаниците на нејзината мајка се обидел да ја силува, а оваа информација ни ја потврди и самата Д.П.. Исто така, еден месец пред овој случај соседите телефонски ги информирале вработените во Центарот за социјални работи дека детето секојдневно преживува траума поради распуштениот живот на мајка си.

– Од страна на полициската станица, добивме информација за настанот од 5 мај. Девојчето ќе биде подложено на лекарски преглед, иако досега не се најдени сомнежи дека детето било сексуално злоупотребувано.

Не сум го злоупотребила сопственото дете

Иако соседите ни изјавија дека однесувањето на Д.П. станало неиздржливо, што резултирало со занемарување на девојчето и поради тоа сметале дека е потребно да ги предупредат Социјалните служби со цел девојчето да се “спаси“ од една таква средина.

– Секојдневно во домот на Д. П. се “менуваат“ и по неколку клиенти, па дури и се случува во исто време да дојдат и двајца. Многу често се слуша викање од куќата, кои најчесто завршуваат со тепачка меѓу Д. П. и “нејзините пријатели”.  Во ваквите моменти девојчето е принудено да ги гледа сексуалните односи на мајка си или пак ја брка од дома. Навистина е жално да се гледа како детето талка по улиците плачејќи, а понекогаш и бара од нас да му дадеме нешто за јадење – раскажуваат соседите.

Сепак, мајка и ги негираше обвинувањата и истакна дека се грижи за својата ќерка.

– Со исклучок на татко ми, брат ми, поранешниот сопруг и поранешното момче, друго машко во мојата куќа нема влезено. Точно е дека тие знаат да започнат тепачка доколку се сретнат во истовреме, а полицијата веќе неколку пати интервенираше поради проблемите кои ги правеше моето поранешно момче кога беше под дејство на поголема количина на алкохол, пради тоа и го оставив – ни изјави Д.П.

По интервенција на Центарот за социјална работа, таа беше однесена во полициската станица каде што се изврши распит поради обвиненијата.

– Пред два дена, Центарот за социјална работа ми рече да ја донесам ќерка ми, но не ми објасни зошто. Бидејќи вчера бев на работа прва смена, таа беше во куќата на моите родители. Кога отидов после работа да ја земам, ме информираа дека социјалните работници ја земале. Во полицијата објаснив дека никогаш не сум го злоупотребувала своето дете. Сé што сакам е да ми го вратите моето дете назад, бидејќи таа е многу приврзана за мене, како и јас за неа – ни изјави Д. П..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma