Гери Барлоу откри дека Роби Вилијамс го напуштил бендот по втор пат и повторно ќе се посвети на соло кариера.
Тој додава дека “Take That” продолжува во истиот состав, Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оранџ и Марк Овен.
“Тој е наш брат. Тука сме за Роби ако некогаш западне во неволја или сака да има една година одмор од се. Тој е секогаш добредојден”, изјавува Гери.
Роби уште пред европската турнејадонел одлука да го напушти бендот.
Вилијамс укажал дека поради своето его може повторно да ја напушти поп групата “ Take That”, во која се врати во 2010 година по 15 – годишно отсуство.
“Концертите беа апсолутно фантастични – засега најдобар период од мојата кариера со овие момчи. Да работиш во група е мнгу подобро отколку да работиш сам. Но, его потребите, желбите и уште ред други работи велгуваат во предвид”, изјавува Вилијамс.