Познатата српска манекенка Тијана Милошевиќ почина на 30 години од сепса!

popara29 октомври, 20111min00
tijanamilosevicyotuueb62528102011

Српскиот модел Тијана Милошевиќ почина во 30-тата година од животот. Познатиот модел на агенцијтаа “Модел тату” имала снимено голем број на реклами и била многу успешна во својата работа. По четири дена борба за живот, ја изгубила битката и починала од сепса. “Познато ми е дека Тијана почина од сепса. Четири дена се борела за својот живот. Трагедијата е голема и нејзиното семејство е во агонија, особено зошто беше млада и оставила сопруг и мало дете зад себе”, изјавила сопственичката на модната агенција “Модел тату “.

Таа додала дека Тијана била многу успешна во својата работа и важела за вистински професионалец. Нејзиниот сопруг, Милан исцрпен од ситуацијата изјавил, Тијана ништо не може да ја врати. “Не ми е јасно зошто сега се зборува и пишува за тоа дали некој е виновен за нејзината смрт или не. Сега што и да напишете, не можете да ја вратите”, изјавил потресен Милан. Никој не сакал да коментира за тоа како Тијана добила сепса, но некои српски медиуми пишуваат дека тоа се случило откако посетила заболекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag