Познати ѕвезди кои извршиле самоубиство

popara15 септември, 20113min00
1

Понекогаш славата може да создаде таков притисок, што за некои личности е повеќе од тоа што може да го поднесат. Ви ги претставуваме познатите личности кои извршиле самоубиство.

  1. Едно од најпознатите самоубиства е она на старлетата Пег Ентвисл, која скокна од буквата Х од познатиот знак Холивуд во 1932 година.

2.  Ѕвездата на немите филмови Макс Линдер се самоуби заедно со својата жена Џин Питерс во 1925 година во Париз, со предозирање од лекови.

3.   Актерот Рос Александар, познат по улогите во филмувањето на драмите на Шекспир се самоуби во 1937 година стрелајќи си во глава со истиот пиштол со кој се самоуби неговата прва жена две години порано.

4.   Старлетата Керол Лендис се предозираше со апчиња во 1948 година. Причината, наводно бил фактот дека нејзиното момче Рекс Харисон бил женет и не сакал да ја остави неговата жена за неа.

5.   Третата жена на Хемфри Богарт, Мејо Метод беше  алкохоличарка исто како и нејзиниот сопруг. Таа беше принајдена мртва во мотелска соба во Орегон во 1951, но причините за нејзината смрт сеуште се непознати, иако се претпоставува дека станува збор за самоубиство.

6.   Актерот Филип Лоеб имаше сјајна кариера се додека не беше обележан како комунист, што го доведе до силна депресија. Тој се самоуби во 1955 година откако испи огромна доза на апчиња за спиење.

7.   Она Мунсон, актерката од „Однесени од виорот“ се самоуби со предозирање од апчиња во 1951 година.

8.  Тетката на Дру Баримур, Дијана Баримур по неуспешниот обид да стане позната глумица, се предаде на алкохолот и дрогата. По три пропаднати бракови, таа се предозираше од алкохол и апчиња за спиење во 1960 година.

9.   Ѕвездата на немите филмови Филис Хајер се предозираше со апчиња во 1960 година, по долгогодишна борба со депресијата.

10.   Холивудската икона Мерилин Монро беше пронајдена мртва во 1962 година, како последица на предозирање од дрога. Иако нејзината смрт беше заведена како самоубиство, сепак многумина сметаат дека станува збор за несреќен случај, па дури и убиство.

11.   Францискиот актер Чарлс Бојер се самоуби со седативи во 1978, само два дена откако неговата соприга Пат Патерсон умре од рак.

12.   Комичарот Фреди Принц се самоуби откако си пукаше во главата во 1977, во присуство на неговиот бизнис партнер.

13.   Ѕвездата на Пинк Пантер Капучин се самоуби во 1990 година, откако скокна од терасата на нејзиниот апартман во Швајцарија, кој се наоѓал на осмиот спрат.

14.   Познатата актерка Елизабет Хартман со години се бореше со депресијата, за во 1987 година да се фрли од петтиот спрат од здрагата во која живеела.

15.   И двајцата браќа Денис Крозби и Линзи Крозби извршија самоубиство. Линзи си пукаше во главата во 1989, а неговиот брат се самоуби две години подоцна.

16.   Марго Хемингвеј, внуката на легендарниот писател  Ернест Хемингвеј кој се самоуби во 1961 година, целиот свој живот се бореше со депресијата. Марго ја продолжи семејната традиција и се смаоуви во 1996 година.

17.   Актерот Брајан Кит се самоуби на 75 годишна возраст, откако си пукаше во главата во 1997 година, по долгата борба со ракот.

18.   Актерката Брин Хартман во 1998 година го уби својот маж, познатиот водител на Saturday Night Live Фил Хартман, а потоа се самоуби.

19.   Актерката Дана Плато беше пронајдена мртва во својата приколка во 1999 година, а смртта настапила како последица на предозитање со валиум и лортаб.

20.   Мери Кеј Бергман, една од личностите кои ги позајмуваат своите гласови на ликовите од South Park, се самоуби со сачмарка во 1999 година.

21.   Актерот Ричард Фарнсворт се самоуби на 80 годишна возраст, откако си пукаше во главата во 2000 година, по долгата борба со ракот на коските.

22.   Ќерката на композиторот Барт Бачард и актерката Енџи Дикинсон, Ники Барчард, која боледуваше од аспергеровиот синдром, се самоуби во 2007 година.

23.   Бенџамин Хендриксон, кој доби Еми награда за својата улога во хит серијата „Како што се врти светот“, се самоуби откако си пукаше во главата во 2006 година.

24.  Комичарот Ричард Џени, познат по својата улога во филмот „Маската“ се самоуби откако си пукаше во главата во 2007 година.

25.   Актерот Ендру Конинг, кој исчезна на Валентин 2010 година, беше пронајден мртов 10 дена подоцна, а како причина за неговата смрт беше наведено самоубиство.

26.   Расел Армстронг, кој беше женет за ѕвездата на „Вистинските домакинки на Беверли Хилс“, Тејлор Армстронг, се обеси во 2011 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag