Жените сакал да знаат се, а многу често поставуваат прашања на кои мажите ама баш не сакаат да одговора. Кои прашања треба да ги избегнувате доколку не сакате да го нервирате вашиот партнер?
Дали те привлекуваат други жени?
ако некој маж ви каже дека не погледнува други жени или е педер или е лажго. Но тоа не значи дека гледањето на други жени е знак дека вашиот партнер сака да ве изневери. Едноставно, природата на мажите е да гледаат во атрактивните девојки. Меѓутоа, ако ја преминат границата и почнат да флертуваат, тогаш веќе имате причина за паника.
За што размислуваш?
Прашањето кое жените обично го поставуваат во моменти на тишина, најчесто во кревет. Жените сакаат да бидат сигурни дека нивниот партнер само мисли за нив. Сепак, не може да очекувате дека само вие сте му во неговите мисли, затоа што тој најверојатно размислува за работата, фудбалскиот натпревар, дружењето со пријателите или пак, едноставно не мисли на ништо.
Дали сум дебела?
Мажите веќе го знаат точниот одговор на ова прашање – секогаш е “не”. Секогаш!!! Не постојат исклучоци. Прашањето на телесната тежина кај жените е многу чувствително, бидејќи нивната самодоверба во голема мера зависи од нивниот изглед. Затоа, ао мислите дека имате проблеми со килограмите, не барајте утеха во неговите зборови, туку ставете се на диета и почнете да вежбате.
Зошто раскинавте?
Жените понекогаш се опседнати со минатото на своите партнери. Тие сакаат да знаат како изгледа неговата поранешна девојка, каков бил нивниот однос…И првенствено, сакаат да знаат зошто тие раскинале, сакајќи на тој начин да дознаат повеќе работи кои ќе им помогнат тие да не направат греша. Сепак, за мажите, една од најомразените теми за разговор е нивната поранешна љубовна врска, па затоа најдобро е едноставно да ја избегнувате.
Во која насока се движи нашата врска?
Нема ништо лошо во тоа да знаете во која фаза се наоѓа вашата врска. Проблемот е фактот дека мажите тоа го сфаќаат ако притисок и може да нанесете голема штета на вашиот однос со ваквите прашања.
Повеќе сакаш да поминуваш време со твоите пријатели?
Многу жени стануваат посесивни и разочарани кога нивните партнери сакаат да поминат одредено време со своите пријатели. Всушност, жените сметаат дека доказ за љубовта е постојано да бидете заедно. Ова е сосема погрешен пристап, бидејќи така ќе си здосадите и ќе направите тој да се чувствува затворен. Важен дел од секоја здрава врска е одредено време кое партнерите ќе го поминуваат одвоено.
Може ли да си донесам неколку работи кај тебе?
Кога жената прашува дали е во ред да си донесе неколку „ситници“, како облека или четка за заби, кај мажите ѕвони алармот за тревога. Отстапувањето на место за вашите „ситници“ во неговиот живот е голем чекор за него. Оставете го сам да ви понуди да оставите ваши работи во неговиот дом, тој ќе го стори тоа кога ќе биде спремен.