Правила за достоинствено раскинување

popara2 септември, 20111min00
news_6547

Никој не кажува дека било безболно и дека нема да биде тешко раскинувањето, но за да избегнете драма и да не го повредите партнерот, а и самите применете ги правилава.

Погрешен начин да раскинете преку фејсбук или смс

Користење на технологија за да раскинете е премногу ладно, безлично и безчувствително, затоашто другата страна неможе да го види вашиот израз на лицето да го слушне вашиот глас. Иако соопштувањето на лоши вести е тешко, тоа секогаш мора да биде во четири очи.

Наведете ја причината заради која раскинувате

Никако немојте да го оставите партнерот без објаснување, па макар и да се работи за кратка врска. Сконцентрирајте се на своите чувства и мирно пробајте да му објасните зошто сте незадоволни.

Дајте му до знаење дека е навистина готово

Многу луѓе ги мачи реакцијата на партнерот, па многу работи ги оставаат недоречени и отворени.  Бидете уверливи дека навистина сакате крај.

Не го озборувајте поранешниот партнер

Разговорот со пријателите за раскинувањето, може да има терапевтски ефкт и да ви биде од помош. Треба да внимавате на изнесувањето на детали од врската за да не се чувствува партнерот озборувано, особено ако имате заеднички пријатели. Ако веќе сте раскинале нема потреба од додатно навредување и озборување.

Без секс за старите добри времиња

Ако се случува тоа знаци дека меѓу вас има нерешени емоции. Многу луѓе тоа го прават за да видат дали нешто се сменило од кога поминало време, но кога ќе видат дека ситуацијата е иста, мораат по втор пат да поминуваат низ истата ситуација. А кој би го сакал тоа?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag