Правила за телефонирање кои таа сака да ги знаете

popara13 септември, 20111min00
tel

Новата технологија од корен го промени начинот на кој мажите и жените секојдневно комуницираат.

Понекогаш не е доволна само СМС да ѝ кажете дека ја сакате, таа сака тоа лично да го чуе.  Послушајте ги овие неколку совети и само за две минути разговор ќе станете подобар во нејзините очи.

Посветете ѝ внимание

Ако сте насред битка од омилената компјутерска игра, а ви текнува дека сте ветиле дека ќе се јавите, не се обидувајте да го убиете противникот и разговарате со неа истовремено. Колку и да ве бива за мултитаскинг, не пробувајте; таа веднаш ќе чуе што се случува во позадина и ќе се почувствува запоставено. Жените сакаат мажи кои ги слушаат, и искрено – дали е тоа премногу да се удоволи? Подобро не кревајте слушалка ако не сте во можност да се фокусирате на неа кога таа ѕвони и јавете се подоцна.

Бидете насамо кога разговарате

Вашите пријатели се пристојни дечки, но и највоспитаните можат да го уништат вашиот разговор. Ако ви се другарите во близина, најдобро е малку да се оддалечите. Не е убаво таа да ги слуша вашите мрсни шеги и најверојатно сака да ве чуе вас, а не цела ваша банда и какви сте вие кога сте во нивно друштво.

Без глупави шеги

Можеби сте шегобиец, но таа не сака да слуша вицеви по цел ден. Иако, можеби сакате само да ја насмеете, некои шеги го немаат истиот ефект преку телефон. Особено ако не се познавате добро. Подобро е да се држите до духовитите искуства низ кои заедно сте поминале. Пали и ако се смеете додека разговарате.

Прекинете го разговорот

Разговорите на телефонот можат да бидат напорни, доколку сте тазе двојка. Зборувате и оддеднаш двајцата замолчувате, па нема што да си кажете. Затоа, ако не дискутирате ништо важно, прекинете го разговорот во логичен момент, на пример, откако ќе се договорите кога ќе се видите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma