Правилна исхрана за време на патување

popara28 јуни, 20111min00
eating_apple

Нашиот нутриционист ве советува што треба да јадете додека патувате…

Автомобил

Немојте да го напуштате домот без да спакувате храна. Доколку тргнете неподготвени на долг пат, ќе треба да застанете некаде за да купувате нездрави грицки и брза храна.
Понесете…доволно свежо и суво овошје, несолени јаткасти овошја и семки, како и вода за цел пат.

Авион
Немојте максимално да ја користите можноста за конзумирање на неограничена количина на кафе и алкохол. Ова само ќе ви предизвика главоболка и дехидратација.

Во текот на летот, задолжително пијте многу вода и тоа голтка по голтка бидејќи самите услови во авионот (разладениот воздух и појачаниот притисок) можат да предизвикаат дехидратација.

Брод

Немојте да одбегнувате конзумирање на храна пред пат. Ниското ниво на шеќер ги потикнува и влошува мачнините.

Секогаш со себе понесете ужина – сув кекс, грисини или крекери. На пример, докажано е дека кексот со ѓумбир  ги ублажува мачнините.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag