Правило на заедницата

popara7 октомври, 20111min00
01

Правилото на заедницата (1QS), порано познато како “Прирачник за дисциплина”, претставува главен дел на еден од првите седум Списи пронајдени во пештера 1 во Кумран во 1947 година. Напишано на хебрејски, датира од периодот помеѓу 100 и 75 година п.н.е..

Во прилог на овој ракопис, фрагменти од минимум десет дополнителни копии од Списите беа пронајдени во пештерата 4 (4Q255-264), а два мали фрагменти од уште една копија беа пронајдени во пештерата 5 (5Q11). Копијата од пештерата 1 е најдобро зачувана и ја содржи најдолгата верзија на текстот. Компаративно со фрагментите од пештерата 4, научниците заклучиле дека ракописот од пештерата 1 потекнува од доцната фаза на еволуцијата.

Правилото на Заедницата има круцијално значење за изучување на начинот на живот во Заедницата. Ги изучува приемот на нови членови, водењето на заеднички оброци, па дури и теолошки учења (како што е верувањето во космичкиот дуализам и предодреденоста). Претставата која се добива од Списите е дека заедничкиот, аскетски животи бил регулиран со ригорозни правила кои ги трансформирале членовите на заедницата во “свештеници на духот”, кои живееле во “духовен храм“. Секојдневниот живот на членовите на зедницата бил проткаен со молитви во храмот и со ритуали за прочистување.

Во тоа време, владеењето со литературата претставувало нова тематика, што подоцна стана дел од христијанската монашка традиција (на пример, во шестиот век од владеењето на Свети Бенедикт). Откривањето на Правилото на Заедницата во Кумран претставува најраниот доказ за постоењето на западната цивилизација. Важноста на ова дело се гледа во фактот дека таа обезбедува ретка можност за запознавање со животот на членовите на Заедницата, за кои претпоставуваме дека биле Есени. Пред откривањето на Списите, многу малку се знаело за Есените со исклучок на доказите кои постоеле од класичните извори (Флавио Џосеф, Филон и Плиние постариот), како и неколку предвестија од рабинската литература.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag