Пред да дојде есен, не заборавајте да…

popara9 септември, 20111min00
news_6728

Пуштете ги вашиот ум и вашето тело да уживаат во последните денови од летото.

Летото само што не завршило, па искористете ги последните сончеви денови да направите некои работи кои нема да можете да ги направите во наредниве неколку месеци, а во кои максимално можете да се опуштите и да уживате.

Одете боси

Човечкото стапало е доста чувствително, бидејќи во него има повеќе од 7000 нервни завршетоци, Затоа, собујте ги чевлите и одете боси по песок или по трева, уживајќи во неверојатното чувство на слобода.

Јадете домати

Наскоро ќе ги снема свежите, природни и вкусни домати од тезгите на пазарот. Искористете ја приликата да уживате во вкусот на доматот и снабдете го вашето тело со витамините со кои овој зеленчук изобилува: Ц, Б1, каротен и калиум.

Набљудувајте ги ѕвездите

Секое годишно време ни носи нов поглед на галаксијата и сончевиот систем. Млечниот пат најдобро се гледа преку лето. Посетете некоја опсерваторија и израдувајте му се на ведрото небо и на погледот кон далечните ѕвезди.

Направете забава во дворот

Скоро сите се веќе вратени од одмор, па искористете ја приликата да ги соберете сите пријатели и добро да се забавувате. Организирајте журка на отворено кај вас или кај некој од вашите пријатели кој има голем двор. Ова е одличен избор за добра забава, но и за прераскажување на летните доживувања и авантури.

Последно капење на отворено

Летото изминува, па посетете некој од отворените базени за да се искапете последен пат под ведро небо ова лето. Уживајте во лежењето на не многу јакото и пријатно сонце.

Направете совршена фотографија

Ако немате фотографија по која ќе го паметите ова лето, одете со пријателите на излет и фотографирајте ги моментите на забава во природа. Една од фотографиите сигурно ќе биде идеална за насловна на овогодишниот летен албум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag