Иако во последните пет децении Мик Џегер ги полни стадионите и насловите страни, тој всушност беше популарен уште пред да биде фронтмен на групата “Ролинг Стоунс”.
На црно-бела снимка, во 1959 година петнаесетгодишниот Мик Џегер може да го видите во емисијата “Seeng sport” како модел кој рекламира патики.
Водителот на емисијата ги презентира чизми за планинарење, а потоа Џегер кој седи ги покажува патиките кои ги носи.
– Мик има обични патики кои ги носи додека игра тенис или вежба – објаснува водителот држејќи го стопалото на Мик.
Тоа беше три години пред првиот настап на Џегер со групата “Ролинг Стоунс”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=W-IFg_BHeSA