Предавањето на Авакум

popara10 октомври, 20111min00
1

Предавањето на Авакум (Авакум, 1QpHab), е пронајдено речиси целосно (Списите се долги 1,48 метри) и претставува еден од седумте оригинални Списи пронајдени во Мртвото Море во пештерата Кумран во 1947 година. Ги толкува првите две поглавја од библиската книга на пророкот Авакум и се состои од 13 колони напишани на хебрејски. Иако, четирите букви од – Бога, се напишани со антички хебрејски знаци, за разлика од остатокот на текстот. Списите датираат од втората половина на првиот век пред нашата ера.

Во ова дело, стиховите од библиската книга се копирани дел по дел. Библискиот текст на Авакум на кој што е базирано Предавањето, се чини дека не е во согласност од времето на Мазоретскиот текст. Секој пасус, започнува со хебрејскиот збор “pishro ” – “неговото значење” или со “pesher hadavar al“ – “значењето на ова прашање е во врска со”.

Две големи прашања се разгледани во овие Списи. Едното се однесува на внатрешната верска политиката на Ерусалим и Храмот на свештенството, а другото – на последиците од појавата на Римјаните (во Списите наречен Халдејците или Китим) на историската сцена. Како и во повеќето вакви слични дела, историските личности не се споменати по име, но постојат алузии на поединци како “Учителот на правдата”, “Безбожниот свештеник”, “Човекот на лагите”, и други, чии што точен идентитет треба допрва да се утврди.

Овие исклучително добро зачувани Списи претставуваат клучен извор на нашето знаење за духовниот живот на изолираната Кумнра заедница. Фрлаат светло врз начинот на личната перцепцијата на Заедницата, а исто така служат и како парадигма за развојот на тематиката како што се Пешер Нахум или Пешер Мичах.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag