Предавници го рушат бунтовничкиот јуриш за апсење на Гадафи

popara12 септември, 20111min00
aptopix-mideast-libya_lea_s640x427

Либиските бунтовници биле пресретнати од жесток отпор од силите лојални на Моамер Гадафи во градот Бани Валид, а некои се сомневаат дека за спорото напредување се одговорни предавници во редовите на бунтовничките сили.

Националниот преоден совет најавил дека Либија нема да ја прогласат за слободна земја се додека не ги ослободат сите гртадови каде што има сили лојални на Гадафи.

Од петок се уште се води  битката за Бани Валид, 150 километри југоисточно од Триполи.

Бунтовниците изјавиле дека биле пресретнати од жесток отпор во Бани Валид, но дека сигурно напредуваат кон градот Сирт, родното место на Гадафи.

Еден од војниците изјавил дека силите на Гадафи користеле ракети “grad”, но сепак се надевал дека за кратко време ќе влезат во градот Сирт, пренесува Ројтерс.

Преодната влада испратила дополнителни сили во Бани Валид, а некои веруваат дека има предавници во нивните редови, и се сомневаат дека тоа се борци на локалното племе Варфала.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag