Целата работа ја спаси блиската пријателка на Ријана, нејзината колешка Бијонсе која и даде неколку совети.
Само прашање на време беше кога поради презафатената агенда, Ријана буквално “ќе пукне“. Објавувајќи шест албуми во последните пет години, планираните сто концерти во текот на турнејата, блиски луѓе до пејачката тврдат дека Ријана паднала во некој вид на депресија, а минатиот петок пред настапот во Даблин толку јако плачела што едвај се смирила за да излезе на сцена.
Ријана веќе неколку недели лошо се чувствува, а од неодамна беше принудена да го откаже концертот во Шведска поради исцрпеност. Овој пат исцрпеноста кулминираше со излив на солзи. Бидејќи никој не успеа да ја смири, се јавиле на нејзината добара пријателка Бијонсе. Бијонсе веднаш и се јавила на Ријана.
– Немој да бидеш несериозна. Почекај уште малку, па ќе се одмараш цела година. Биди професионалец и одработи ја турнејата до крајот – наводно и рекла Бијонсе.
Тоа “запалило“ и многу набрзо Ријана излегла на сцена и одржала одличен концерт.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WDZi2_4KaOM