Брачен пар од Англија случајно забележал необичен призор во текот на нивниот викенд во Корнвол.
Парот шетајќи низ убавиот предел, ја вклучил камерата за да го снимат прекрасниот пејзаж во Корнвол.
Но одеднаш во фокусот на камерата се наоѓа огромна карпа која се руши и прави огромен талас. За среќа парот се наоѓал на другата страна на карпата и за среќа никој не бил повреден.
„Ова не е прв случај на одрони во овој предел но ова нешто невидено до сега, не верувавме дека вакво нешто може да се случи. Природата е непредвидлива и затоа ние мора да бидеме претпазливи“ истакнува Сајмон Лив ПР на советот на Корнвол.