Згребската полиција во вторникот уапсила 54 годишен маж, кој е осомничен за силување на две малолетни девојки од Загреб. Силувањата се случиле во март оваа година, а манијакот ги намамил девојчињата да дојдат во станот преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој наводни им ветил дека ќе ги запознае и научи црна магија. Но, во станот кога дошле, тој ги опијанил до степен да се сосема немоќни, а потоа ги силувал. Манијакот се обидел во станот да намами и трета жртва, но не му успеало. Портпаролката на Загребската полиција, изјавила дека поради заштита на жртвите нема да кажат која од малолетничките го пријавила и дека нема да се открие колку години имаат девојките. Во средата манијакот бил притворен. Дека Фејсбук е опасен, предупредуваат многу бројни организации. Опасноста од Фејсбук најповеќе лежи во тоа што децата се наивни и ги оставаат вистинските податоци, кои можат лесно да се злоупотребат.