Маж од Алјаска, Клифтон Виал (52), преживеал три дена благодарение на лименките пиво, откако неговиот автомобил се заглавил во снег, 60 километри од Номе. Откако заклучил дека нема храна ни вода, Виал сфатил дека на задното седиште има лименки пиво и му олеснило.
Виал неможел да излезе од неговиот автомобил, а неговиот мобилен телефон не функционирал. Пронашол во колата вреќа за спиење и пешкир, па ги замотал нозете за да не му замрзнат.
„Се обидов да излезам и дури тогаш сфатив колку сум заглавен во снег. Се уплашив бидејќи моето семејство беше на пат и немаше никој да дознае дека ме снемало“, изјавил Виал.
Наредните три дена пиел само пиво, додека температурнадвор паѓала и до минус 17. Кога Виал не се појавил на работа колегите пријавиле, била повикана спасувачка екипа и бил пронајден.
Според него лименките пиво му го спасиле животот.