Принцот Хари, шворц! Немал пари да ја плати сметката на Хвар:)

popara30 август, 20111min00
0

Откога се објавија снимките од лудите забави на принцот Хари во најпопуларниот ноќен клуб на Хвар, за медиумите дале изјави и девојките со кои Хари се дружел во текот на вечерта.

Иако на почетокот на ноќта принцот Хари безуспешно ги освојувал девојките, како што објавува Daily Mail,  вечерта си заминал со две згодни девојки – Ана Симовиќ и Светлана Гавриловиќ.

Ана (23) работела за L’Oreal и како хостеса по ноќните клубови, тренирала карате…а нејзиниот профил на facebook е полн со секси фотографии.

“Хари е вистински господин, внимателен и пристоен. Тој не забележа и ни пријде,  да не позрави”, открива Светлана за Daily Mail, која во моментов работи за модната куќа Weltrusky во Загреб.

Но, за Хари не зборувале само Светлана и Ана. Под силен впечаток од неговата бурна вечер биле и вработените во  ноќниот клуб Венеранда, меѓу кои и Сања Брит Јусиќ.

“Скокаше во базенот цела вечер. Се грижевме да не настине, па затоа му дадовме една од нашите маици. Кога ја облече изгледаше како еден од нашите келнери. Во еден момент немаше повеќе пари, а барменот незнаеше кој е, па еден од обезбедувањето му фрли 200 куни на шанкот”, раскажува Сања, додавајќи и потсмевајќи се за односот на ладните девојки во клубот, кои не го приметувале принцот Хари.

“Во почетокот никој не го препозна. Одеше од маса на маса, стоеше над нив и се трудеше да воспостави комуникација. Но, на девојките не им беше интересен, бидејќи незнаеа за кого се работи. Хрватиците знаат да бидат многу ладни, иако тој многу се трудеше. Но, кога сфатија кој е, почнаа да играат и да флертуваат со него“, додава Сања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag