Откако отиде на воена обука во САД, Принцот Хари поминува повеќе време во барови и клубови отколку во воена база.
Три ноќи по ред, младиот принц лудувал по клубовите во Лас Вегас, пишуваат американските таблоиди, и тврдат дека Хари повторно бил фатен во друштво на млади девојки.
Овие приказни го вознемириле британскиот кралски двор, и на Хари му посочиле под итно да се среди. Бидејќи неговата обука е при крај, Хари одлучил да не ги послуша сугестиите на кралскиот двор и во негов стил го напуштил Лас Вегас.