Принцот Вилијам антиталент за возење:))) прочитајте каква глупост направил на свадбата:)))

popara27 септември, 20111min00
vilijam2

Венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја гледаа во живо милиони луѓе, но малкумина знаат дека на венчавката се случи мала незгода, односно дека принцот Вилијам го расипа луксузниот автомобил во кој се возеше по свадбената церемонија и кој му припаѓа на неговиот татко, принцот Чарлс.

Целиот свет ја следеше венчавката на Вилијам и Кејт, кои по свадбената церемонија се упатија кон Бакингемската палата во луксузниот Астон Мартин. Иако сите забележаа дека има мал проблем со автомобилот, никој не се сомневаше дека всушност Вилијам е тој кој направил „беља“, односно заборавил да ја спушти рачната кочница.

„Го прашав Чарлс дали му е жал што му дозволи на неговиот син да го вози „Астон Мартин“ автомобилот, кој кралицата Елизабета му го поклони на Чарлс за неговиот 21 роденден. Тој ми рече со задоволство му го позајмил автомобилот, но дека не верувал дека неговиот син ќе заборави да ја спушти рачната кочница. Заради оваа „мала грешка“ на Вилијам, автомобилот сеуште има проблеми и не работи добро“, открива Артур Едвардс, службениот фотограф на венчавката.

Аман бе Вилијам, можеш да леташ борбени авиони, а неможеш да возиш обичен автомобил???

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag