Британскиот принц Вилијам се приклучил на спасувачкиот тим кој се обидува да ги пронајде шесте морнари кои се водат како исчезнати по несречата и бурата воИрското море, откако им потонал товарниот брод, соопштило британското министерство за одбрана.
Потонатиот товарен брод имал осум патници и членови на екипажот, а носел илјадници тони баровник.
На местото на несреќата испратени биле спасувачки чамци, четри хеликоптери од кои два се на британското кралско воздухопловство на кое припаѓа и принцот Вилијам, една воздухопловна морнанрска единица, крајбрежни стражари, како и неколку комерцијални бродови.
Принцот Вилијам бил копилот во еден од спасувачките хеликоптери RAF, кои успеале да спасат двајца преживеани од потонатиот брод.