Принцови на столетието, “Porsche” – 3 дел

popara18 јули, 20112min00
naslovnaporshe

Компанијата од секогаш имаше блиска врска со Volkswagen (VW) и подоцна со Volkswagen групацијата (која исто така го поседува и AUDI AG), од аспект на тоа што првата Volkswagen Beetle (Буба) беше дизајнирана од Фердинанд Порше. Двете компании соработуваа во 1969 за правењето на VW-Porsche 914 и 914-6, каде 914-6 користеше мотор од Porsche, a 914 користеше мотор од VW. Во 1976 Porsche 912E (само за САД) и Porsche 924, кои користеа компоненти на Audi беа направени во фабриката на Audi Neckarsulm. Porsce 944 беше исто така таму направено, иако беа користени и неколку компоненти на VW. Моделот Cayenne, претставен во 2002-та, ја дели целата шасија со Volkswagen Touareg и Audi Q7, кој се прави во фабриката на Volkswagen групацијата во Братислава. Подоцна во 2005-та Porsche зема 18.65% дел во Volkswagen групацијата, натамошно цементирајќи ја нивната врска и превентирајќи превземање од Volkswagen групацијата, како што кружеа гласини. Додворувачите за кои и се претпоставуваше беа DaimlerChrysler AG, BMW, и Renault.


На 26-ти март, 2007 година, Porsche ги подигна акциите во VW до 30.9%, предизвикувајќи превземачки влог под германски закон. Porsche потоа формално изјави дека нема намера да ја превземе VW групацијата (да ја постави цената на понудата на најниско можно легално ниво), но го направи потегот за да ја совлада конуренцијата и за да ги сопре надворешните фондови на VW групацијата во процесот на расклопување на VW – најважниот партнер на Porsche. Потегот на Porsche, доаѓа по противењето на Европската Унија на германски закон, што го заштитуваше VW од превземање. По таканаречениот “Volkswagen закон”, било кој акционер со повеќе од 20% од гласачките права има моќ на вето над било која корпоративна одлука на годшиниот генерален состанок – со ефект, било кој акционер во VW AG не може да користи повеќе од 20% од правата на гласање на фирмата, без разлика на големината на акциите. Локалната влада на Долна Саксонија поседува 20.1% од акциите. Како и да е, Европскиот Суд на Правдата се одреди против законот, потенцијално отварајќи го патот кон превземање.


На 16-ти септември, 2008 година, Porsche ги зголеми акциите за 4.89%, со ефект на превземање контрола над компанијата, со повеќе од 35% од гласовните права. Со овој потег повторно предизвика превземачки влог, но овој пат над Audi. Porsche се изјасни за влогот како чиста формалност, заради тоа што намерата на Porsche е да ја задржи корпоративната структура во VW групацијата. Имаше некоја тензија и искушение помеѓу работниците во во VW, кои се плашеа дека превземањето од страна на Porsche може да ја затежни контролата на ефикасноста во производството, одбивање на барања за повисоки плати или пак дури кратење и менување на персоналот.
На 13-ти август, Супервизорскиот Одбор на VW AG потпиша согласност за да создаде “интегрирана автомобилска групација” со Porsche, водена од VW AG. Volkswagen првично ќе земе дел од 49.9% во Porsche на крајот на 2009-та година и ќе го продаде Porsche Holding Salzburg на Volkswagen AG.


Преку превземањето на делот од страна на Vlokswagen AG, Porsche ја реформираше структурата на компанијата, со постанување на Dr Ing. h. c. F. Porsche AG холдинг компанија, реименувана во “Porsche Automobil Holding SE” и формирање на нова Dr Ing. h. c. F. Porsche AG оперативна компанија во 2007 година. Оперативните активности се поделени од холдинг активности на компанијата. Имаше исклучителен генерален состанок за Porsche AG акционерите, кој се случи на 26-ти јуни, 2007 година, во Porsche арената во Штутгарт, Германија со цел дискусија за промените во структурата на компанијата. На 3-ти март, Porsche ја постави сцената за придобивање на мнозински дел во Volkswagen AG. Еден ден подоцна Porsche почна да ги намалува стравовите дека ќе мора да се спои со Volkswagen групацијата. До септември, Porsche поседуваше 35.14% мнозински дел во VW AG, ефективно давајќи му контрола врз компанијата. Volkswagen групацијата го очекуваше тој потег и ја добредојде инвестицијата на Porsche.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma