Прамен од косата на Мајкл Џексон бил продаден на аукција на еден сопственик на казино кој праменот ќе го искористи на многу бизарен начин. Тој за праменот платил повеќе од 11.000 $ и има план од него да направи топче за рулет!
– Како големи фанови на Мајкл Џексон, бевме длабоко растажени од неговата смрт во 2009 година. За да му се заблагодариме за музиката која со години не развеселуваше, смисливме оргинален начин како да му се оддолжиме. Кога дознав дека се продава прамен од неговата коса, веднаш побрзав да ја искористам единствената животна прилика, пишува во соопштението на компанијата, додавајќи дека топчето за рулет ќе ги развеселува луѓето како што тоа го правеше и Мајкл Џексон.