Напуштен туристички објект во Тајван со чудни и необични куќи чиј изглед е заснован на изгледот на некоја НЛО база. Оваа, сега заборавена населба некогаш претставувала дом на Американскиот воен персонал кој бил на воени задачи во источна Азија.
Првобитната идеја за овој објект била макета од пластика се додека не добила дозвола за изградба во 1978 година, меѓутоа изградбата е прекината во 1980 година кога инвеститорот на објектите банкротирал. Напорите за повторно заживување на овој комплекс на неколку пати биле неуспешни. При изградбата на комплексот се случиле неколку несреќи во кои имало и жртви. Во тој момент се појавиле многу суеверни луѓе кои не сакале да чујат да учествуваат во до изградба на објектите.
Крајниот резултат од сета оваа приказна погледнете го во следната галерија.