Пронајден нов вид на праисториски носорог во Тибет!

popara5 септември, 20111min00
Woolly rhinoceros

Палеонтолозите откопаа фосил на праисториски носорог чија старост се проценува на милион години пред појавата на денешните носорози. Со ова се фрла ново светло врз истражувањето на носорозите, но и врз еволуцијата на Тибет и неговата околина за време и по леденото доба.

Новопронајдениот фосил најверојатно му припаѓа на влакнестиот носорог, кој се смета за предок на големите животни кои живееле во Северна Америка, Европа и Азија.

Фосилот Coelodonta thibetana  потекнува од пред 3.7 милиони години. Научниците веруваат дека Тибетската висорамнина служела како лулка на еволуцијата пред леденото доба. Ова откритие е многу важно, бидејќи става нов акцент врз мислењето дека сите големи цицачи се развиле и еволуирале само во регионот помеѓу Европа и Азија.

Фосилот го открил Заоминг Ванг, кој е специјалист за палеонтологија на ‘рбетници и работи во Музејот за национална историја во Лос Анџелес. Тој вели дека овој пронајдок е сосема случаен и неочекуван.

„Навистина бев вчудовиден од ова откритите и одвај собрав средства и сили за да успеам да го пренесам во Пекинг“, изјавил Ванг и додал дека покрај носорогот, биле пронајдени фосили на снежни леопарди, овци, антилопи и други видови на цицачи.

Ова откритие е мошне значајно за разбирање на потеклото на еволуцијата, но исто така е значајно за научниците кои во се поголем број го истражуваат Тибет, како потенцијално место на еволуција во праисториско време.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag