Новинарите на BBC во Триполи пронашле видео материјал за кој се верува дека е снимен во 2005 година, а на снимката се гледа како Гадафи ужива во топла семејна атмосфера во Баб Ал Азизи.
На домашното видео може да се види како полковникот ужива хранејќи ја својата најмала внука.
http://www.youtube.com/watch?v=mEF5-v6kxlc&feature=player_embedded
Во текот на бомбардирањето на НАТО врз Либија, била погодена резиденцијата на Гадафи, и во тие напади се верува дека загинал неговиот син Сеиф ел Араб, а имали и шпекулации дека настрадале и неговите три внучиња. Информациите никогаш не биле потврдени од страна на Гадафи.