Пропелер унаказил манекенка од САД! :(

popara7 декември, 20111min00
n

Животот на успешната убавица, манекенката Лорен Скаргс (23), се смени во рок од неколку секунди, по големата несреќа кога пропелер од авион и ја исекол едната рака, лицето и рамото.

Младата убавица летала со мал авион, а кога излегла за да замени место со друг патник и да погледне како е украсен и осветлен Тексас за Божик и тогаш пропелерот ја исекол.

Според зборовите на Лин Лансфорд, портпаролката на Федералната воздухопловна администрација, ќе биде започната истрага зошто пропелерот се уште вртел кога Лорен излегла од авионот, на аеродромот во Мекинли, Тексас.

„Веројатно пилотот го оставил вклучен моторот, кога таа излегла да замени место со друг патник“, изјавила портпаролката.

На блогот кој е посветен на Лорен, нејзината претставничка за медиуми напишала:

„Лорен почна да се буди и полека сфаќа што и се случило. Нејзината сестра близначка и објаснила дека доживеала голема несреќа и дека има неколку повреди, а таа само и ја стиснала раката и покажала дека разбира се што и се зборува“.

Покрај манекенството, Лорен стана популарна и по хит серијата „Gossip Girl”, каде работела како стилист.

Откако била префрлена во болница и биле направени неколку операции како и ампутирање на раката. Целото семејство се собрало и постојано биле до неа.

„Се молиме за нејзниото брзо опоравување, брзо опоравување на нејзиното лево око и мозок. Нејзината состојба сега е стабилна, но ќе треба да и направат уште неколку операции“, напишала пријателката на Лорен, Џејни Харел.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag