Прошетката ја намалува потребата за чоколадо

popara16 декември, 20111min00
zelba prosetka

Сакате да ја намалите телесната тежина, но постојано имате желба да каснете нешто благо? Истражувањата покажаа дека 15 минутно пешачење значително ја намалува потребата за чоколадо.

„ Грицкањето на висококалорична храна во големи количини, како на пример чоколадо, е број еден причина која доведува до зголемување на телесната тежина“, вели професор Адријан Тејлор, предводник на истражувањето на Универзитетот во Ексетер.

Според Тејлор, луѓето мислат дека грицкањето висококалорична храна им дава енергија, ги охрабрува и ги усреќува, како и дека им помога да се справат со стресни работи, но исто така и дека им ја убива досадата.

„Кратките прошетки може двојно да го намалат внесувањето на слатки и грицки“, тврдат  истражувачите кои откриле дека луѓето кои одат на прошетка секој ден во просек внесуваат 15 гр. помалку чоколадо.

Затоа, наместо да се полните со празни калории од торти, колачи и чоколадо за да се разположите, едноставно отидете на прошетка. Познато е дека вежбањето и прошетките имаат значајни бенефиции за подигнување на расположението и нивото на енергија, а исто така го забрзуваат слабеењето и го јакнат имунитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag