Проси секој ден на улиците во Њујорк, а има стан од 3,5 милиони долари :)

popara17 октомври, 20111min00
1

Во изминатите 17 години, Ирвин Кори (97), секој ден излегува на улица и проси. Понекогаш може да собере и до 250 долари на ден, а сите пари потоа ги донира во хуманитарни цели и здруженија кои им помагаат на децата.

Легендарниот американски комичар, Ирвин Кори, има 97 години, скита во партали по улиците на Њујорк и секој ден во изминативе 17 години проси. За возврат дава бесплатни весници.

Актерот, комичар и политички активист, ниту е бездомник, ниту е сиромашен. Напротив, тој живее во стан вреден 3,5 милиони долари.

Тој глуми бездомник бидејќи е многу осамен од кога починала неговата сопруга Фран. Сите пари кои успева да ги заработи за еден ден со просење, ги дава на хуманитарни организации кои купуваат медицински потрошен материјал за децата на Куба.

Инаку, овој познат американец, во својата кариера има работено со Џеки Глисонов, Вуди Ален, се има појавено во шоуто на Дејвид Летерман. Се уште настапува во локалниот клуб два пати неделно, а неодамна бил и на настап во Чикаго.

httpv://www.youtube.com/watch?v=MxtN0xxzfsw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag