Невидено: Телохранителите на Ердоган го измлатиле обезбедувањето на ОН

popara29 септември, 20111min00
erdo

Телохранители на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган гои претепале обезбедувањето на зградата на Обединетите нации, бидејќи тие не му дозволиле на Ердоган да помине низ споредната врата која била блокирана! Турскиот премиер доцнел на седницата и се обидел преку скратен пат да стигне до Собранието на ОН.

Драмата се одиграла додека на говорницата бил палестинскиот претседател Махмуд Абас. Снимките кои се појавиле во јавноста укажуваат на тоа дека имало вербален напад помеѓу телохранителите на турскиот премиер и обезбедувањето на ОН. Еден од чуварите на зградата завршил во болница со фрактури на ребрата.

http://www.youtube.com/watch?v=vbFbXdmTkYY&feature=player_embedded

Претставниците на обезбедувањето на ОН, ги обвиниле телохранителите на турскиот премиер за нападот. Тие тврдат дека Турците цел ден биле напнати и барале кавга. Според најновите информации Ердоган доцнел на седницата, но вратата низ која тој сакал дапомине била блокирана. Турската делегација, наводно, инсистирала да помине токму низ таа врата, која наводно и не водела до салата каде со одржувало собранието.

Од друга страна, според турската верзија на настанот, наводно, и самиот Ердоган бил жртва на туркања и притисоци од страна на обезбедувањето на ОН! Според последните информации девет лица од обезбедувањето на ОН биле суспендирани, но за кратко време вратени додека не се истражи детално целиот инцидент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma