Првата снимка од сателитот кој ќе падне на земјата

popara23 септември, 20111min00
4. prva snimka od satelitot koj paga na zemjata

Астрономот/аматер Тиери Легаулт од Франција прв успеа да го сними делот од сателитот кој овие денови паѓа кон Земјата. Ова видео тој веднаш го објавил на својата веб страна. Сателитот е снимен во моментот кога ја прелетувал Франција и тоа на 15 септември.

Легаулт успеал ова видео да го сними со помош на посебно дизајнирана камера со 14 инчен телескоп. Според последните процени на научниците сателитот тежок повеќе од 6 тони, е голем како автобус, а на површината на земјата треба да падне на 23 септември.

НАСА тврди дека веројатноста сателитот да погоди човек е многу мала. Најголемиот дел треба да изгори при високите температури додека поминува низ атмосферата. Но, се очекува 26 дела сепак да останат и да се распрскаат по Земјината површина. НАСА ќе може попрецизно да го одреди местото каде сателитот ќе падне дури два часа пред сателитот да навлезе во атмосферата.

Експертите предупредуваат дека не е добро да се допираат деловите кои ќе паднат на земјата и доколку некој пронајде дел од сателитот веднаш да ги извести локалните власти.

http://www.youtube.com/watch?v=_-BH43oB9MQ&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag