Прво на вежбање па потоа на диета

popara3 декември, 20111min00
prvo na vezbanje pa na dieta

Единствен пат до витка става е комбинација на физичка активност и самоконтрола  кога е храната во прашање, а најновите истражувања тврдат дека ќе добиете најдобри резултати ако прво физички се активирате а потоа да се фрлите на диета.

Во истражувањето спроведено на Харвард се покажало дека луѓето кои сакаат да ослабнат имаат подобри резултати ако најпрво започнат да вежбаат, а потоа да направат промена во начинот на исхрана и да се фрлат на диета.

Тимот на лекари под водство на др. Мигел Алонсо ги анализирал резултатите од поранешните истражувања во врска со слабеењето, а целта им била да ја потврдат релацијата помеѓу вежбањето и  навиките во исхраната, пишува „ Дејли мејл“.

Се потврдило дека вежбањето го поттикнува стекнувањето на здрави навики во исхраната.

„Утврдивме дека резултатите се најдобри кога после одреден период со физичка активност ќе се започне некоја диета. Така најефикасно се симнуваат килограмите, а луѓето се придржуваат на новиот начин на исхрана“, изјавува др.Алонсо.

Потврдено е дека кај луѓе кои вежбаат чуството на ситост е поинтензивно, па е помала опасноста од прејадување, а вежбањето ја подобрува и самоконтролата, па е полесно да им се одолее на слатките.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag