Експертите препорачуваат дека најдобро е да се користат три различни бои кога ја средувате собата на децата. Повеќе од три бои би ја нарушиле хармонијата и собата би изгледала хаотично и непријатно. Најважно е кога ги бирате боите да бидат во склад со останатите елементи во просторијата. Се мисли на завесите, тепихот, перниците и мебелот. Ако успеете сето тоа да го искомбинирате, бидете сигурни дека на вашите дечиња ќе им овозможите вистински рај за учење, опуштање и разонода.
Боите и нивното психолошко влијание врз децата
Зелена
Ја зголемува самодовербата и дава смиреност, релаксира, но треба да се внимава на интензивноста на оваа боја. Зелената кива боја е добар избор, бидејќи таа влијае смирувачки. Секогаш комбинирајте ја со црвена и портокалова.
Виолетова
Често се вели дека оваа боја не е добра за детска или спална соба, бидејќи буди чувство на ладност. Темно виолетова та боја може да пробуди тага и фрустрации, а светлата да ви пружи мир и романтика.
Бела
Генерално стои за мир, радост, чистота. Белата боја рефлектира скоро 80% од светлината, па затоа собите изгледаат визуелно поголеми. Во детските соби оваа боја е малку монотона, па не се препорачува многу често. Меѓутоа, можете многу вешто да ја комбинирате со други појаки бои, со цел да ја контролирате светлината на основните бои.
Портокалова
Оваа боја има ист ефект како црвената, но во помали размери, бидејќи е комбинација на цревена и жолта боја кои всушност носат живост и среќа. Потемните нијанси создаваат комфор и удобност, а посветлите даваат живост и се многу добар избор за детската соба.
Сина
На просторот му дава мир, длабочина и хармонија. Ако ја користите во детската соба, треба да знаете дека ја забавува работата на нервниот систем и создава смирувачки ефект кој го подготвува телото за сон. Исто така, ја подобрува концентрацијата, односно способноста за паметење и учење. Сепак, внимавајте, бидејќи некои темносини нијанси можат да имаат спротивен ефект и просторот да го направат ладен и неудобен, особено за спиење.
Жолта
Стимулира, дава топлина и живост на сите простории. Ако употребите жолта боја, собата изгледа визуело поголема, а појаките жолти нијанси ја даваат потребната топлина.