Пудлица по име Тед стана херој откако му го спаси животот на својот 19 годишен сопственик, водејќи ги пожарникарите до опожарениот подрум каде спиел тинејџерот.
Според властите во Јута, САД, иако пожарникарите се обиделе да го изнесат кучето од опожарената куќа, тоа не престанало да лае и да се движи кон подрумот каде спиел неговиот сопственик.
Тед и неговиот сопственик се наоѓаат надвор од животна опасност, иако според пожарникарите, доколку кучето не ги одвело до подрумот, тинејџерот сега најверојатно би бил мртов. Случајот со Тед е само еден пример дека кучињата навистина им се најдобри другари на луѓето. Браво за храбриот херој!