Пукна „тиквата“ помеѓу Камерон Дијаз и Алекс Родригез

popara16 септември, 20111min00
kameron

Познатата холивудска двојка Камерон Дијаз и Алекс „А-род“ Родригез објавија дека повеќе не се заедно.

Холивудскиот пар, кој е познат по честите раскинувања, реши да стави крај на двегодишната романса. Гласини за нивното раскинување се појавија уште пред некое време, кога пријател на познатиот бејзбол играч на Њујорк Јенкис објави дека двојката повеќе не е заедно.

Актерката и нејзиното помче неодамна беа снимени како уживаат на плажа во Мајами и како вежбаат заедно во Њујорк. Причината за нивното раскинување, според нивните заеднички пријатели, е нивното пренатрупано работно темпо.

„Камерон е многу зафатена со нејзината кариера“, изјавил близок пријател на холивудската актерка. Истиот извор тврди дека и Алекс сака да се посвети на неговата кариера и дека во моментот се опоравува од неодамнешната повреда. Анонимниот извор тврди дека двојката останала во пријателски односи и дека Алекс има огромна почит кон Камерон.

Пред Алекс, актерката беше во врска со Џастин Тимберлејк, а бејзбол играчот беше во врска со Мадона и со актерката Кејт Хадсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma