Путин: Америка е “паразит на глобалната економија”

popara3 август, 20111min00
putin_0215

Рускиот премиер Владимир Путин во понеделникот ги обвинил САД дека живеат надвор од нивните можности, “како паразити на глобалната економија” и изјавил дека доминацијата на доларот претставува закана за финансиските пазари.

– Тие живеат надвор од своите можности, и пренесуваат дел од своите проблеми на светската економија – изјавил Путин, пренесува Ројтерс.

Путин изјавил дека во Русија има голема количина на американски акции и обврзници, така што ако во Америка престане да функционира системот, тоа може да го погоди целиот свет.

– Земјите како Русија и Кина имаат значителен дел од своите резерви во американски хартии од вредност и мислам дека треба да постои и друга резервна валута – изјавил Путин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag