Рускиот премиер Владимир Путин ги коментирал нападите на италијанскиот колега Силвио Берлускони, и заклучил дека тој е критикуван од “чиста љубомора поради сексуална моќ на Берлускони.”
– Берлускони се покажа како одговорен политичар, а се што се зборува за него е всушност резултат на чиста љубомора – изјавил рускиот премиер на меѓународен форум во Сочи.
Познато е дека Берлускони и Путин се големи пријатели, тие се сретнале и за време на летните одмори. Сепак, ова не е прв пат рускиот премиер да застане во одбрана на политичар кој го следат сексуални афери. Тука е и поранешниот израелски претседател кој во 2006 година, бил обвинет за силување неколку девојки додека бил министер за туризам, известува АФП.
Берлускони наводно го обвинуваат за секс со мароканката Руби додека таа уште била мала, и за злоупотреба на својата позиција за да се извлече од затвор.